Парис Хилтон се мажи, еве кој е идниот сопруг

Американската бизнисменка Парис Хилтон ќе се мажи.

-Следната година ќе се мажам. Порано сакав да останам сама, но кога го сретнав Крис (Зилка) сфатив дека е вистинскиот човек за мене, раскажува 37-годишната богаташка за италијанскиот весник „Ки“. -Сонувам за прекрасна свадба со романтична венчаница. Потоа, веднаш сакам да имам деца, прво едно девојче, која ќе ја наречам Лондон, а потоа, момченце, кој сакам да го наречам Милан. На крајот, јас се викам Парис. Од тинејџерски години работам многу, изградив империја, а сега сакам да се посветам на себе.

Парис и Крис

Во ексклузивното интервју, Хилтон зборува и за Ким Кардашијан.

-Се познаваме од двегодишна возраст, нашите мајки се најдобри пријателки.

Идниот сопруг на пејачката, бизнисменката, глумицата, моделот Парис Хилтон е Крис Зилка, и тој веќе и подарил веренички прстен. Во 2019 година, парот ќе се венча, но за сега не се знае точниот датум на венчавката.

-Сакам да бидам најдобрата мајка на светот. Ќе бидам строга, како мојата мајка.

Крис Зилка е 33-годишен модел и глумец.

-Тој е вистинскиот за мене, тоа веднаш го сфатив, дека е единствен и вистински за мене. Пред да го сретнам, доволна си бев сама на себе, како бизнис жена. Како независна жена. Сега, сакам да бидам сопруга, да имам деца, да бидам со него сто години, да имаме внуци, многу животни и да бидеме засекогаш среќни.

x

Check Also

Топ моделот Кејт Аптон се породи, бебето се вика Женевиев

Топ моделот Кејт Аптон, позната по своите раскошни облини и миленичка на ...