Паста карбонара на наполитански начин

Штом ја пробате ќе ја ставите на вашата омилена гастро листа.

Намирници – 300 грама тестенини, 1 тиквичка, 8 листови сланина, 4 јајца, 1 дл кравјо млеко (полномасно), 200 грама гауда (полномасна), 2 лажици маслиново масло.

Подготовка

Сварете ги тестенините, но внимавајте да не бидат премногу сварени. Тиквицата измијте ја убаво и исечете ја на тенки половина-кругови (или на месечинки), а гаудата исечкајте ја на коцки.

На тавче пропржете ги листовите сланина додека да станат крцкави, па тргнете ги настрана. Во маслото од сланината пропржете ги тиквичките 1-2 минути, па тргнете ги настрана. Во жешкото тавче додадете маслиново масло, потоа и јајцата, млекото, зачините и тестенината, добро измешајте па кога јајцата ќе бидат готови тргнете ја тавата од оган.

Во чинија сервирајте ја пастата, потоа врз неа ставете од тиквичките и гаудата, а на врв ставете две кришки пржена сланина.

x

Check Also

Компири полнети со јајца и пармезан, мора да ги пробате

Го обожаваме компирот на сите начини, а ова е еден од начините ...