Таканаречните „олд скул“ патики остануваат во мода и оваа сезона, но овојпат тие се во пастелни бои. Вакви модели се достапни во пролетните колекции на Пума и Фила, а ги има и во новата колекција на Најк.
Хит модел за сезоната на потоплите денови е моделот Air Force 1. Станува збор за ретро модел лансиран уште во 1982 година, тогаш наменет за кошаркарските терени. Првиот редизајн го добија пет години подоцна, кога станаа вистинско модно лудило на улиците. Така овој модел стана најпродаван модел на патики воопшто во историјата.
За пролетната сезона Air Force 1 го доживеа новиот редизајн, а освен по дизајнот карактеристичен е сега и по нежните бои.
Не се сомневаме дека брзо ќе завладее на гратските улици.