Печени пиперки полнети со грав

Посен и вкусен рецепт.

За да ги подготвите, потребно е– 500 грама грав, 4 главици кромид, 8 кисели бабури (пиперки) може и од туршија, црн пипер, малку масло.

 Подготовка

Гравот сварете го со исечканиот кромид и исцедете го. Смелете ги или изгмечете ги, па додадете го маслото и црниот пипер. Со таа смеса наполнете ги бабурите.

Преостанатиот грав ставете го на тава за печење, па преку него наредете ги пиперките и печете ги 20- на минути во рерна.

x

Check Also

Панфорте, прекрасни колачиња по италијански рецепт

Прекрасен италијански посен колач кој дава свечена нота на трпезата. Потребни намирници ...