Пенелоп Круз блеска во пролетната кампања за накит на John Hardy 

Луксузната марка за накит John Hardy вклучи уште една ѕвезда како лице за кампањата за сезоната пролет 2019, под хаштагот #MadeforLegends.

Фотограф на кампањата е Џош Олинс, а пред неговиот објектив шпанската глумица зрачи со сензуалност, накитена со парчиња накит од новата колекција. Акцентот е на златото и среброто украсено со дијаманти во модерни и женствени модели.

Пред Пенелоп Круз, како лица за брендот се појавија Џулијан Мур, Кара Делевињ и Анџела Линдвал.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...