Шпанската глумица повторно е лице на модната марка Carpisa.
За рекламната кампања за есен/зима 2018 на Карпиза, позира убавата глумица Пенелоп Круз. Фотосесијата е реализирана во Мадрид, а фотограф е Ксави Гордо. Глумицата е облечена во „кежуал“ стил, а во преден план се кожените чанти.
Ѕвезди на есенската колекција се минијатурната црвена чантичка Алена и контрастно големата, бела чанта Идра.