Пенелоп Круз: Можев емотивно да се поврзам со семејството Версаче

Ѕвездите на „ American Crime Story: Атентатот на Џани Версаче“’, Пенелоп Круз и Едгар Рамирез ја красат мартовската насловна страница на списанието Town & Country. Фотографирани од Том Мунро, глумците позираат облечени во модни парчиња од новата колекција на Мајкл Корс. Стилистката Николета Санторо се погрижи за нивните модни изгледи од Прада, Оскар дела Рента и Долче и Габана.

Во интервјуто, Пенелоп (која ја глуми Донатела Версаче) зборува за нејзините релации со семејството Версаче.

„ Можев емотивно да се поврзам со тоа семејство. Италијанците и Шпанците се многу слични во темпераментот. Тоа е врска каква што имам со мојот брат или сестра. Донатела, Санто, Џани, тие почнаа заедно и се имаа еден со друг, а таа семејна страст е многу емотивна“.

Пенелоп Круз е облечена во комбинезон од Долче и Габана, со чевли од Кристијан Лубутен. Едгар Рамирез носи Армани блуза и панталони, и чевли од Џузепе Ѕаноти.

Глумицата позира во светкав фустан од Оскар дела Рента и чевли од Лубутен

Глумецот е облечен во модел од новата колекција на Прада во комбинација со кошула од Долче и Габана

Пенелоп Круз позира во Фенди фустан и чевли од Лубутен

Глумците се облечени во модели од новата колекција на Мајкл Корс

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...