Пенкала со стил: Монблан ја слави легендарната дива Рита Хејворд

Глумицата Рита Хејворд е инспирација за новата колекција на луксузни пенкала на Монблан.

penkalo 234

Прочуена по стилот, талентот за глума и танцот, убавицата од филмското платно на 40-те и 50-те години, Рита Хејворд, продолжува да ги инспирира дизајнерите.

Инспириран од нејзиниот гламур, сензуалност и харизматична фигура, производителот на луксузни пенкала и модни додатоци Монблан ја лансираше новата линија наречена Рита Хејворд лимитирана едиција 46.

Не случаен е бројот 46 во колекцијата пенкала. Во 1946 година Рита Хејворд ја стекна светската слава благодарение на филмот Гилда.

Проѕирниот зелен лак на пенкалата потсетува на заводливата сатенска наметка која Хејворд ја носеше на легендарниот филмски постер.

Врвот на пенкалата е од злато, а капачето е декорирано со дијамантчиња.

penkalo 567

Колекцијата Рита Хејворд лимитирана едиција 46 е достапна само во неколку селектирани продавници на Монблан.

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...