Пенти Пижама Party со -40% попуст!

Денес бевме поканети на една поинаква Пижама Party, т.е. на отпочнувањето на фантастичната акција „Пижама Party“ во продавниците на Пенти. Пижами, ноќници, кратки или долги ракави, со слатки принтови… памучни, лелеави, меки и нежни, пижамите на Пенти се одличен избор за удобен сон со тренди изглед! Нашата екипа ја посети продавницата на Пенти во Скопје Рамстор Мол каде што се забавувавме со продажниот тим: Александра, Стефанија и Софија како и со Мирјана Филиповска, бренд менаџер на Пенти за Македонија и Србија. Тие ни раскажаа детали за акцијата на Пенти која се однесува на супер попуст од -40% на сите модели на пижами за жени и деца.

– „Пижама Party е одлична можност да се подновите со пижамите на Пенти и тоа со цени намалени од –40%. Оваа акција трае од 8ми до 14ти април во сите продажни места на Пенти, Скопје: Сити Мол и Рамстор Мол како и Широк Сокак во Битола. Нашиот продажен тим заедно со потрошувачите ќе се забавуваат на оваа Пижама забава и тоа облечени во нивните омилени модели на Пенти пижами! Ги повикувам сите љубители на сонот и спиењето, да дојдат и да одберат за себе или за подарок. Количините се ограничени, а понудата на пижами за жени, тинејџери и деца е фантастична.“ – изјави Мирјана Филиповска која ни раскажа дека Пенти оваа година слави јубилеј, 10 години на македонскиот пазар, а шест на српскиот.

Тимот на Пенти го донесе Пижама party караванот кој запопчна во Турција и продолжува во секоја од земјите каде ги има Пенти продавниците. Само до 14ти април, имате можност да одберете од енергичните принтови со овошки, зеленчуци или од оние со вашето омилено милениче и тоа на -40% попуст! Потоа ве повикуваме да ја организирате најдобрата пижама party досега! Ние ги одбравме Пенти чили-лути пиперчиња пижамите – за слатко зачинета пижама забава!

 

 

x

Check Also

Стопи се од попусти до -70% во Капитол мол

Нашето секојдневие е исполнето со обврски заради кои имаме помалку време за ...