ПЕНТИ | Супер колекција и ПОПУСТИ со Јелена Спенџарска, Никица Ацева и Софија Јанева

Интернационалниот бренд за долна облека, пижами и хулахопки Penti, овие месеци ја претстави својата нова колекција преку соработките со македонските блогерки и инфлуенсерки Јелена Спенџарска, Никица Ацева и Софија Јанева. Колекцијата изобилува со разновидност, па вие можете да одберете од урбаните принтови со текст-натписи, цветните и романтични дезени и бои, или пак од моделите со ултра шик принтови од цртаните филмови.

– Овој период се посветивме на изработка на нови модели со кои секој месец ја надополнуваме нашата колекција. Овие денови подготвивме и изненадување за своите потрошувачи, па така, колекцијата јануари/февруари од вчера може да се купи со попуст од -50% за пижамите и дезенираната долна облека, а мултипак килотите се на попуст од -20%, со што вашиот шопинг би го заокружиле со фантастичи цени за вашите омилени производи. Сепак, тоа не е се, доколку при купување го искористите кодот за попуст од нашите прекрасни Pentiдевојки, Јелена Спенџарска (JelenaPenti10), Никица Ацева (NikicaPenti10) или Софија Јанева (JanevaPenti10) вие ќе добиете дополнителни -10% на веќе намалените цени од оваа акција, а попустот од -10% важи и на целата преостаната понуда во Пенти. Заедно со нашите одлични соработници, сакаме да понудиме одлични цени за фантастичните производи од Пенти чии производи се со светски признат квалитет. – изјавија од Пенти.

– Задолжителни парчиња од Пенти за топлите денови кои ни доаѓаат. Колку и да сме зафатени поголемиот дел од денот, кога ќе си дојдеме дома сакаме да се опуштиме во нешто удобно, а Пенти и оваа сезона со своите производи, се погрижи да му даде максимална поддршка, удобност и флексибилност на вашето тело. – раскажа Јелена

– Инспирирана од претстојните Велигденски празници, новата колекција на Пентиќе ви ги стопли срцата и ќе ви помогне уште повеќе да го почуствувате духот на празникот. Мојот избор се овие пижами во неутрални нијанси кои целосно ми се вклопуваат со декорациите во домот. – изјави Никица.


– Ги обожувам сите модели на Пенти, но оваа колекција ми е најомилена бидејќи дезените и боите ме потсетуваат на пролет. Ги обожувам пижамите со цветни мотиви и пастелни бои. – ни раскажа Јанева

Погледнете ја понудата на Пенти на нивните профили на фејсбук и инстаграм, а можете да ги посетите во Пенти продажните места во Сити Мол и ГТЦ (во склоп на СФ Мега Стор). Освен овој меѓусезонски попуст, во тек се и нивните попусти за чорапи и хулахопки.

Компанијата Де-Та, која повеќе од две децении е позната по својот бренд Сара Фешн, всушност е ексклузивен застапник на овој реномиран турски бренд за македонскиот и српскиот пазар, а воедно застапник е и за преостанатите брендови DAGI, NBB, Pompea, Happy Socks и многу други.

 

x

Check Also

Mango Committed 2021, колекција дизајнирана за пролет/лето со еко-материјали

Моделката Фелис Ноурдхоф позира за колекцијата на Манго за сезоната пролет/лето 2021. ...