Penti во кампања со македонските блогерки и инфуенсерки – нова колекција долна облека и за прв пат со своја колекција на фармерки!

Светскиот познат бренд Пенти овој пат освен со својата нова колекција на долна облека и пижами изненадува со проширување на својата понуда на веќе познатите производи за долна облека, пижами, спортска облека со нова линија на фармерки за жени кои се изработени според најновите трендови и потреби на жените.

Пенти брои 70 години на пазарот со повеќе од 400 продавници во Турција и Светот. Компанијата ДеТа која е ексклузивен застапник на брендот Пенти во Македонија и Србија ги донесе најновите производи достапни за своите потрошувачи.

– Се радуваме на новата колекција долна облека, а се радуваме и на новитетот во продавниците на Пенти. Одлично се прифати во светски размери, па и кај нас. Имаме внимателно одбрани материјали и кроеви кои придонесуваат за задоволување на потребите на девојките и жените кога бараат фармерки кои совршено ќе им прилегаат. Daily фармерките овозможуваат беспрекорен изглед благодарејќи на растегливиот материјал и фина структура. Slimmer фармерките го обликуваат и затегнуваат стомакот, нозете и колковите, па со тоа овозможуваат фит изглед, а Push Up фармерките се за совршено обликлувно тело. Ве очекуваме во продажните места на Пенти да го направите вашиот избор. – изјави бренд менаџерката на Пенти, Мирјана Филиповска.

Пенти (@pentimacedonia) со здружена кампања со нашите блогерки и инфлуенсерки ги претстави овие модели и им овозможи промотивен попуст на своите потрошувачи. Во кампањата се вклучија прекрасните девојки: Софија Јанева (@janeva), Сандра Кирков (@sandra_kirkov), Никица Ацева (@nikicaaceva) и Јелена Спенџарска (@jelenaspendzarska). Следете ги нивните објави на инстаграм и добијте -10% попуст на колекцијата фармекри, на новата колекцијата долна облека, пижами и папучки за дома која навистина изгледа фантасично, т.е. со нивниот код имате -10% на се купено во Пенти (попустот важи и на веќе намалените цени на производите од промотивниот и меѓусезоснкиот попуст до-50% во Пенти).

Пенти можете да ги посетите во Пенти Сити Мол, Пенти Рамстор Мол и Пенти ГТЦ (во склоп на Сара Фешн Мега Стор) или можете да порачате онлајн преку нивните профили на Фејсбук или Инстаграм.

 

x

Check Also

Модно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска (фото)

Откако премиерно ја прикажа во рамки на дваесет и второто издание на ...