Пензионерка од Скопје е добитник на најголемата ЏОКЕР премија

Џокер еден, ама вреден, на редовна учесничка во играта на среќа Лото и донесе добивка од 4.351.944 денари

Денес просториите на Државна лотарија ги посетија сопругот и синот на добитничката на најголемата ЏОКЕР премија, постигната на 27.04.2019, во вредност од 4.351.944 денари, исплатена денес, на првиот работен ден меѓу два празника. Во убаво расположение, низ досетки ја дознавме и ја пренесуваме среќната приказна на Благица Димитрова, пензиониран економист од скопската општина Центар.

Благица е пасиониран Лото играч и не пропуштала ниту едно коло без да ги уплати своите редовни среќни броеви и тоа секогаш на истото продажно место на улица Македонија. Последниот месец, по секоја уплата им кажувала на своите блиски дека наскоро ќе добие на Лото. Тие ја прифаќале како на шега, а и сега досетливо забележуваат дека ветувала добивка на Лото, но ете добила ЏОКЕР.

Благица на 27ми пред Велигден, го испочитувала обичајот и прошетала до кејот на Вардар за, според семејната традиција, да ги фрли во реката зачуваните бојадисани јајца од ланскиот Велигден. Потоа се упатила до продажното место во близина на нивниот дом и уплатила Лото ливче со 10 комбинации кои редовно ги игра, па додала и еден Џокер, а потоа уплатила уште едно ливче со пет комбинации и уште еден Џокер. Вечерта, подготвувала Велигденска салата во кујната, а сопругот бил задолжен да го следи ТВ извлекувањето. Не се разочарале кога немале добивка на Лото, со насмевка прокоментирале – Добро, веројатно во наредното коло. Кога бил извлечен Џокерот, на Благица броевите и се учиниле познати, а кога водителката Марјана прочитала дека постигнатата Џокер премија е на уплата во нејзиното продажно место, ја оставила салатата и внимателно почнала да ги проверува еден по еден броевите на шестоцифрениот Џокер број на својата потврда.

Откако Благица неколку пати го проверила целиот шестоцифрен Џокер број, веќе без сомневање, возбудено два пати повторила дека нејзиниот Џокер број е добитниот.

Редовната учесничка во Лото играта, покрај своите десет комбинации попатно уплатила и Џокер. Таа во Велигденскопто коло на ниту една од комбинациите нема лото добивка, но ете тој попатно уплатен Џокер и ја донесе премијата. Синот на нашата среќна добитничка ни потврди дека и самиот пред неколку години за Велигден освоил една од поголемите добивки на друга игра на среќа, на што таткото досетливо додаде дека на следниот Велигден ќе дојдат по поголема добивка.

На овој Велигден Благица Димитрова од Скопје, освојувајќи ја најголемата Џокер премија во историјата на Државна лотарија, застана под среќна ѕвезда.

Џокер премијата за наредно коло изнесува 600.000 денари.

Лото 7 премијата се ближи кон фантастчните 29.0000.000 денари

x

Check Also

Мили Боби Браун е нов амбасадор на брендот Pandora

Популарната марка за накит Pandora ги здружи силите со ѕвездата од серијата ...