Модната марка Зара го лансираше новиот тренди водич во кој ја претставува колекцијата пролет/лето 2019 дизајнирана во боите на песокот.
Четири модели во подем позираат за новата колекција во пустински амбиент. Фотосесијата е снимена од Кристијан Мекдоналд.
Акцентот е на лесните, женствени фустани со макси должина, туниките и панталоните кои се носат во комбинација со плетени блузи со качулка. Сите нијанси на песокот се добредојдени и убаво се надополнуваат. Од модните додатоци тука се предимензионираните ѓердани и обетки во кафени и златни нијанси и се разбира, омилените римјанки.
Во продолжение погледнете што ни нози Зара за пролет/лето 2019.