Пет „дебели“ лаги за празничното дебелеење

Празничните трпези на кои се препуштаме за време на новогодишните и божиќните празници секогаш ни предизвикуваат грижа на совет поради прејадувањето, но и страв од таложење на вишок килограми и масти. Еве неколку вистини и лаги колку всушност празниците влијаат на нашата телесна тежина.

deb-1

Многу луѓе значително се дебелеат за Нова година и Божиќ?

Една нова студија направена на Универзитетот во Тексас вклучува шест-неделно следење на испитаниците за време на божиќните и новогодишните празници. Следејќи ги промените на телесната тежина на 48 мажи и 100 жени на возраст од 18 до 65 години, во периодот од „критичните“ празнични 6 недели, се доаѓа до изненадувачки заклучок. На почетокот и на крајот на истражувањето на испитаниците им била мерена килажата и степенот на масти во нивното тело. Просечно испитаниците добиле 680 грама, односно мажите „качиле“ околу 900 грама, а жените околу 450 грама. Тоа е секако многу помалку од оние бројки со кои се шпекулира во јавноста. Имено, често се зборува дека за време на овие празници се здебелуваме од 3 до речиси 5 килограми. Овој податок очигледно не одговара на реалноста.

Надуеноста не е исто со таложење на маснотии?

Една од причините зашто за време на божиќните и новогодишните празници се чувствуваме подебели отколку вообичаено, е таа што некои намирници од празничната трпеза едноставно предизвикуваат надуеност и ја задржуваат водата во организмот. Секогаш кога јадеме повеќе јагленохидрати, таложиме повеќе гликоген отколку вообичаено, а тоа предизвикува чувство на тромост, а фармерките ни стануваат тесни. Но веднаш штом се вратите на стариот начин на исхрана, ќе се ослободите од тој „вишок“.

Вежбањето ги симнува празничните килограми?

Погрешно! Половина од испитаниците кои учествувале во истражувањето биле телесно неактивни, додека втоара половина напорно вежбала во периодот од 6-те недели истражување. Резултатот е следен – и двете групи подеднакво се здебелиле.

На диета сум од втората половина на јануари, веднаш по празниците?

Ако се здебелите 500 грама до 1 килограм, тоа не ви изгледа многу. Но ако таа тежина ја замислите во форма на масти, на пример во форма на масло, путер или маргарин, тоа веќе изгледа како поголем проблем. Повеќе истражувања покажуваат дека речиси никогаш не ги „симнуваме“ празничните килограми зашто новогодишните одлуки брзо паѓаат во заборав, па многумина во меѓувреме повеќе ќе се здебелат отколку што ќе ослабнат. Тоа сценарио се повторува од година в година, па многумина во текот на 10-годишен период наталожуваат меѓу 5 до 10 килограми.

deb-4

Уште не е доцна за борба против празничната килажа?

Немојте да дозволите да ве обесхрабрат приказните за „невозможните мисии“ на симнување на килограми. Доволно е до крајот на годината да ги зацртате своите две едноставни цели –  намалете го внесот на јагленохидрати и пијте повеќе вода. Задачата не е лесна зашто во овој период на годината нашето мени за исхрана изобилува со јагленохидрати. Но секогаш постои избор. На пример, наместо сендвич за ужина, изедете некоја салата.

А што се однесува до водата, со неа навистина може да ја контролирате телесната тежина. Доколку редовно пред оброците пиете чаша до две вода, ќе јадете многу помалку.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Ваквото време влијае на ширењето на вирусите, а вирусите се лекуваат само со силни антиоксиданси!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...