Пет лаги кои ви го расипуваат уживањето во чоколадата

Ова се петте најчести заблуди за најпопуларната намирница во светот кои ќе ви докажат дека чоколадото не е штетно.

Чоколадото го зголемува „лошиот“ холестерол (ЛДЛ)

Ако досега сте се откажале од чоколадо со намера да го намалите ЛДЛ холестеролот, залудно се жртвувавте. Вистина е дека чоколадото содржи путер од какао, кој е полн со заситени масти, а повеќето од овие масти доаѓаат од стеаринската киселина, поради што чоколадото генерално не го зголемува нивото на ЛДЛ, згора на тоа, кај некои луѓе дури и го намалува.

Дијабетичарите не треба да јадат чоколадо

Изненадување! Чоколадото всушност има низок гликемиски индекс, што значи дека дијабетичарите не мора да го избегнуваат во исхраната. Некои студии дури покажаа дека црното чоколадо го зголемува дејството на инсулин кај луѓе со нормален и висок крвен притисок. Се разбира, сепак се препорачува да се консултирате со лекар пред да воведете чоколадо во исхраната за дијабетичари.

Чоколадото нема хранлива вредност

И покрај раширеното верување, чоколадото има статус на „суперхрана“. Типично темно чоколадо има иста количина на антиоксиданти како три четвртини чаша зелен чај, една чаша црвено вино или две третини чаша боровинки. Покрај тоа, содржи висок процент на минерали и растителни влакна.

Поради чоколадо, се појавуваат акни

Многу тинејџери, но и постари, акните на лицето ги припишуваат на чоколадото, но дури и во овој случај, студиите ги побиваат овие тези. Во основа, научното објаснување е дека „диетата нема никаква врска со лекување на акни кај повеќето пациенти“.

За да биде здраво, чоколадото мора да има најмалку 70% какао

Препорака на повеќето лекари е да консумираат чоколадо со најмалку 70% какао. Колку е поголем процентот на какао, толку повеќе содржи антиоксиданси. Но, дури и кај луѓе кои конзумирале чоколадо со помал процент какао, биле забележани значителни промени во систолниот и дијастолниот крвен притисок.

x

Check Also

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ...