Пет најчести грешки за време на диетата

Кога сме на диета, со цел да „стопиме“ неколку килограми, лесно паѓаме под влијание на различни „брзи совети“, но и подеднакво брзо се обесхрабруваме ако стрелката на вагата, и покрај ригорозниот режим, не се поместува. Но дали навистина станува збор за ригорозен режим на исхрана или само се залажуваме.

1.

Неброење на калории

Сите намирници ослободуваат одредена количина на енергија. Па така и здравите намирници. Погрешно е мислењето дека ако одбереме само здрави намирници и од нив јадеме колку сакаме, ќе ослабнеме. На пример, маслиновото масло е здрава намирница, како извор на незаситени масти. Со додавање на лажичка маслиново масло во салатата ќе внесеме здрави маснотии во организмот. Но една лажица маслиново масло има 119 калории. Затоа, не претерувајте со оваа здрава намирница. Или на пример, во секоја диета е добредојдено белото пилешко месо. Но кога се мисли на него, се мисли на парче од околу 200-250 грама. Без разлика на диетата која ја спроведувате, многу важно е да се бројат и калориите кои се внесуваат.

2.

Здрави грицки за меѓуоброк

Суво овошје, бадеми, лешници…Да, несомнено дека овие додатоци во исхраната се здрави. Но и суперкалорични. Сувото овошје може да се користи после тренинг за полнење на гликогените резерви. А со грицкање на суви смокви или индијски оревчиња нема да се заситите, а лесно може да претерате.

3.

Прескокнување на оброци

Со прескокнување на оброци не сте си направиле никакво добро. Телото кога „гладува“ почнува да бара брзи и високи енергетски извори. На пример, блага количина на храна. Ако сепак издржите до следниот оброк, голема е веројатноста дека ќе се прејадете и ќе внесете повеќе од планираното.

4.

Премногу сокови

Со пиењето сокови немаме чувство дека внесуваме екстра калории. Овошните сокови и газираните пијалаци го забавуваат напредувањето. Изберете вода, незасладен чај, кафе во умерена количина и само цедени сокови од овошје со мала калориска вредност (лимон, портокал, грејпрфут).

5.

Престанете да ја обвинувате генетиката

Луѓето сакаат изговори. Генетика, хормони, тешки коски…Заборавете на ваквите изговори. Поголема веројатност е дека лошите избори на храна ве донеле до непосакуваниот изглед, отколку лошата генетика. Како што не постои волшебно средство за губење на килограмите, не постои ни толку лоша генетика која ве држи во место.

x

Check Also

Најдобрите од првиот ден на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид се закитија со медаљи

Македонската триатлон федерација со одлична организација на ЕТУ Балканското првенство во Охрид ...