Пет најздрави замени за шеќер

Шеќерот не само што е главен виновник за наталожување на килограми и масти, туку е и штетен по здравјето. Пробајте да го замените со овие пет слатки но здрави производи.

Стевија

Стевија е природен засладувач до сто пати посладок од обичниот шеќер, кој не содржи воопшто калории. Се добива од вид на јужноамериканска грмушка. За Стевија се тврди дека е единствен здрав вештачки засладувач на пазарот.

Јаворов сируп

Не се мисли на оној во шише достапен во супермаркетите, туку на вистински јаворов сируп кој се добива од билниот сок од јавор. Може да се користи и во колачиња, како прелив за палачинки, како засладувач на јогурт, чај и сладолед. Една голема лажица јаворов сируп содржи 52 калории.

Мед

Мислиме на природниот, домашен мед во кој нема додатоци од шеќер и адитиви. Многу е здрав – содржи антибактериски својства и голем извор е на антиоксиданси. Темниот мед е дури и подобар од светлиот. Една лажица мед содржи 60 калории, додека една лажица шеќер содржи помалку калории (50). Сепак, земете предвид дека кога користиме домашен мед внесуваме во организмот гликоза и фруктоза. Овие едноставни шеќери полесно се варат и немаат лошо влијание на организмот. Кога јадеме шеќер пак, внесуваме сахароза која го оптеретува црниот дроб и панкреасот што предизвикува зголемено лачење на инсулин во телото, односно дебелеење.

Кокосов шеќер

Нема вкус на кокос, туку во вкусот е сличен на кафеавиот шеќер, но овој се добива од сокот од цветот на кокосовата палма, и природен богат извор е на витамини и минерали. Гојазните лица кои сакаат да ги намалат калориите и на природен начин да направат рамнотежа во организмот треба да го употребуваат кокосовиот шеќер. Помага во борбата со килограмите зашто изобилува со калиум кој пак придонесува за регулирањето на нивото на холестеролот во крвта, го намалува апетитот и дава долго чувство на ситост. Дијабетичарите имаат уште поголема полза од кокосовиот шеќер бидејќи содржи хром кој допринесува за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.

Меласа

Меласа е она што останува после рафинирањето на шеќерната трска пред да се претвори во бел шеќер. содржи многу нутритиенти, голема количина на калциум, железо, магнезиум, калиум и витамин Б6, а слатка е.

x

Check Also

Суперхрана која треба да ја јадете и супер коктели кои треба да ги пиете

Колку пати сте си дале ветување дека ќе се „фрлите“ на здрав ...