Пет парфеми со кои во моментов е излуден целиот моден свет

Без разлика дали преферирате слатки или посилни мириси, лесно ќе го најдете вашиот нов омилен меѓу петте моментално најпопуларни парфеми.

Kilian Love, Don’t Be Shy

Пред Ријана да лансира свој парфем, нејзиниот омилен мирис беше „Love, Don’t Be Shy by Kilian“. Тоа е сладок, цветен мирис со ноти на цвет од портокал, ванила и сладок бел слез.

На Твитер многу се расправаше за тоа дека Ријана е ѕвездата која најмногу мириса во Холивуд. Подоцна беше откриено дека го користи овој парфем.

Maison Francis Kurkdjian Baccarat Rouge 540

Сите зборуваат за овој парфем на Тикток. Унисекс мирисот содржи ноти на јасмин, шафран, кедар и килибар – а многу инфлуенсери тврдат дека Baccarat Rouge 540 ќе остави траен впечаток.

Zara Red Temptation

Претходниот парфем чини речиси 250 евра, но можете да мирисате исто толку софистицирано за само дел од таа цена. Zara Red Temptation е прифатлива копија на мирисот Baccarat Rouge 540. Една Тиктокерка тврди дека мирисаат речиси исто.

Byredo Gypsy Water

Овој парфем го освои Инстаграм. Се работи за освежувачки, летен мирис. Содржи ноти од бергамот, лимон, бибер и бобинки од смрека што го прави сладок, но впечатлив мирис.

Maison Margiela Replica Beach Walk

Уште еден Тикток хит меѓу парфемите. Познат по своите носталгични ноти, содржи ноти од бергамот, розов бибер, кокосово млеко и лимон, кои ве враќаат во летните ноќи.

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП(22. ДО 28. НОЕМВРИ): Добри вести за Биковите, љубов за Шкорпиите и Рибите, стрес за Вагите…

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот Скорпија за да влезе ...