Пет причини ЗА малиот црн фустан

Добро, има повеќе од пет причини зошто малиот црн фустан ни е омилен. Супершик е, со него никогаш нема да згрешите, а секогаш ќе изгледате префинето секси.

crn fustan 4

1.

Коко Шанел, една од највлијателните креатори во историјата на модата, го воведе концептот на малиот црн фустан, го стави на сцената и оттаму не се симна со децении. Одри Хепберн пак го прослави преку „Појадок кај Тифани“, а низ времето малиот црн фустан доби безброј други отелотворување и стана безвременско, шик парче облека.

crn fustan 1

2.

Иако е присутен речиси во секој женски гардеробер, со изборот да го облечете сепак нема да кажете „да“ на униформираноста. Напротив. Црниот фустан ќе ве направи различни. Убавата страна на класичноста, меѓу другото, е и во тоа што додека многумина трчаат по трендовите, шансите се големи да бидете единствените облечени во мал црн фустан на настанот на кој присуствувате.

crn fustan 5

3.

Малиот црн фустан ја нагласува личноста многу повеќе од било која друга гардероба. Дури и ако некој е облечен во ист фустан како вашиот, поинаку ќе зрачите, а со тоа и ќе изгледате сосема различно.

4.

Не станува збор само за безвремено парче облека, на кое ништо не му можеа новите трендови и годините, туку и за облека која може да ја носите во било кој дел од денот. „Црниот фустан може да го носите секогаш. Може да го носите на било која возраст. Може да го носите речиси во секоја пригода. Би можел да напишам цела книга за него“, еднаш рече Кристијан Диор. Изборот на чевлите и накитот ја менуваат неговата димензија и лесно од дневно парче облека може да се трансформира во вечерно и гламурно.

crn fustan 3

5.

Суперсекси е. Малиот црн фустан ќе ги нагласи вашите убави облини, а ќе ги скрие помалку добрите страни на телото. Во него секогаш ќе изгледате убаво и елегантно. И многу секси, а нималку вулгарно.

 

М.М

 

x

Check Also

Ова е најслатката фотографија на Џиџи Хадид од бременоста (ФОТО)

Најслатката – и најсмешна – фотографија од бременоста на Џиџи Хадид, 25, ...