Пет совети како да го спречите претераното потење на високи температури

Претераното потење е проблем на многу луѓе, особено во текот на летото кога температурите се исклучително високи. Затоа ви носиме 5 совети кои значително ќе го ублажат потењето и ќе ве спасат од непријатни ситуации.

Избегнувајте ја зачинетата храна и кофеинот

Конзумирање на зачинета храна и кофеин може да предизвика прекумерно потење во текот на жешките денови. Поточно, тие го активираат ацелтиколинот кој се наоѓа во нашиот мозок и влијае на жлездите да лашат повеќе пот.

Почесто употребувајте дезодоранс

За најдобро да ја искористите предноста на дезодорансот, нанесете го попладне и приквечер. Имено, нивото на производство на потта најниско е во текот на ноќта, па така состојките на дезодорансот ќе имаат подобри шанси за пробивање во нашите пори и за блокирање на потењето наутро. Дезодорансот може да го нанесете и наутро. И не грижете се дека тој може да се отстрани со туширање, зашто состојките од него веќе се пробиени во кожата.

Нанесете од дезодорансот на останатиот дел од телото

Нашите раце, стапала, грб и гради создржат голема концентрација на потни жлезди. Нанесувањето на дезодорансот на тие делови од телото може да го ублажи претераното потење. Но важно е да се знае дека на лицето и на интимните делови од телото никако не смеете да нанесувате дезодоранс.

Вниамтелно одбирајте ја облеката

Облката од материјали како полиестер и свила не е најдобар избор во ваквата ситуација зашто кожата не може доволно да дише. Затоа настојувајте што повеќе да носите памучни парчиња, а ако сакате да ги сокриете дамките од потта, носете облека во потемна боја.

Често менувајте ги обувките

Добра идеја е секој втор ден да ги менувате обувките. Имено, неизменичното носење им дава на обувките доволно време да се излуфтираат. Ако стапалата ви се потат, почнете да употребувате детска пудра. Нанесете тенок слој на стапалата и во обувкитекои ги носите. Ова е одлично решение, зашто пудрата лесно се впива во влошките од обувките.

x

Check Also

Жизел Бундшен го рекламира новиот серум против стареење на Dior

Најплатениот супермодел во светот, Жизел Бундшен, се врати да позира за Dior. Бразилскиот ...