ПЕТА реагира за крзнената бунда на малата Норт

Бундата во која е фотографирана малата ќерка на Ким Кардашијан кога со мајка си излегува од нивниот стан во Сохо во Њујорк предизвика рекации кај друштвата за заштита на животни. ПЕТА  ја изрази разочараноста во модниот избор на Кардашијан за својата ќерка.

Бунда од Кауфман, 3.500 долари

„Децата природно ги сакаат животните и сочувствуваат со нивната болка, па нема причина да се мисли дека со Норт е поинаку. Ако крзненото палто во кое таа е облечена е направено од вистинско крзно, а животните имаат претрпено за нечија суета,  сигурни сме дека ниту Норт ниту било кое друго девојче на нејзината возраст ова ќе го поддржи ,” велат од ПЕТА.

Претставник на семејството Кардашијан пак на овие реакции објаснува дека бундата е подарок, без дополнителни детали дали е вистинско крзно или не.

Ако Ким носи бунди од вистинско крзно, логично е дека таков избор би направила и за ќерка си

Ако Ким носи бунди од вистинско крзно, логично е дека таков избор би направила и за ќерка си

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...