Петиција против новата рекламна кампања на Викторија сикрет

Новата рекламна кампања на американската марка за долна облека Викторија сикрет насловена „Совршено тело“ предизвика гнев меѓу девојките.

Самиот наслов на кампањата Совршено тело крена голема прашина и отвори дузина прашања од типот кое тело е совршено, дали само она виткото на манекенките кои се форсираат? Дали само слабите девојки можат да имаат совршено тело?

Од САД протестот против оваа реклама брзо се пренесе и во Велика Британија каде е иницирана петиција за повлекување на кампањата.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...