Петровденска пита од јаболка – традиционален рецепт

Трпезата на Петровден, доколку го славите, разубавете ја со традиционална пита од јаболка.

Намирници – 500 грама тенки кори за пита, 1,5 килограм јаболка, цимет, шеќер, гриз, масло.

Подготовка – Јаболките исчистете ги и изрендајте ги. Земајте по 3 кори. Секоја кора попрскајте ја со малку масло и наросете ја со малку шеќер. На секоја трета кора ставајте до изренданата јаболка, па повторно малку попрскајте ги со масло, додадете малку цимет, една лажица гриз и 2 лажици шеќер. Завиткајте ја и ставете ја во тава за печење. Со нож исечете парчиња, премачкајте ги со масло и ставете да се пече на 200-220 степени.

x

Check Also

Лебот Рустика на „Жито Лукс“ повторно достапен  

  Најголемиот македонски производител од мелничко-пекарската индустрија, „Жито Лукс“ внесува уште еден ...