Со пиење коктел против ракот на дојка

Во месецот на борба против ракот на дојка уште една одлична идеја.

Донациите на здруженијата за борба против ракот на дојка, се исклучително важни и никогаш доволни.
Затоа овој месец, американската асоцијација, во соработка со големм број ресторани и коктел барови ширум САД, прави акција со која дел од приходот од порачаните коктели Пинк Лејди (Pink Lady) ќе биде даден како донација за борбата против ракот на дојка. Така може да се ужива во коктелот , да се биде хуман и да се даде донација.

Зошто токму овој коктел?

Розоваа боја се користи како заштитна од сите здруженија за борба против ракот на дојка, а Пинк Лејди (Розова Дама) е назив кој во САД се користи за активистите на здружението за борба против ракот на дојка.

pinklady4

Коктелот е извонредно избалансиран и пријатен, а со негово пиење и се донира, така да е доволен изговор за американците, па и оние кои вообичаено не пијат, да го порачаат.

И на крај, да го споиме корисното, хуманото и убавото, бидејќи кај нас неможеме да донираме со пораачување на коктелот, го објавуваме рецептот за коктелот, а вие не пропуштајте шанса да донирате за оваа цел на друг начин.

Како и секој коктел така и овој има свои варијации, но ова е начинот на кој најчесто се приготвува.

– Основата е една чашка џин, една лажичка гренадин и белка од едно јајце. Се меша во шејкер и се служи во чаша за коктели. Може да се додаде овошен сируп за добивање розова боја. Сирупот изберете го според ваш вкус.

– Една од варијациите е џин со пенливо бело вино. Се додава и сок од брусница. Во овој случај послужете во ниска сферична чаша или во плитка чаша за шампањ.

 

x

Check Also

Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?

Убавата насмевка е најчесто првото нешто кое го забележуваме кај некоја личност. ...