пилешко со печурки

„Пилешка“ диета, за 2 недели полесни за 5 килограми

Основна намирница во пилешката диета е претпоставувате веќе, пилешкото месо. Диетата се држи 7- до 14 дена, а со неа ќе загубите 2 (за седум дена), односно 5 килограми (за 14 дена). Предноста на оваа диета е и во тоа што е добар елиминатор на целулитот и масните наслаги околу стомакот.

Цезар салата

Дозволени намирници кои треба да преовладуваат во дневното диетно мени – пилешко месо, пилешки колбаси, чиста пилешка салама, месо од мисирка, пилешки џигерчиња, интегрален леб (по 1 тост дневно за појадок), зелена салата, јајца, кромид, краставица, брокули, домат, путер (1 кафена лажичка) и нискокалорично овошје (најмногу по две овошки на ден).

Големата доза на протеини во оваа диета е гаранција дека нема да почувствувате глад.

Еве како треба да изгледа дневното мени.

пилешко со брокула

Појадок – 1 парче интегрален леб намачкано со малку путер.  2 варени јајца. 50 грама пилешки колбаси/виршли. 1 чаша сок од цеден портокал или лимон (без додаток на шеќер). 1 филџан кафе без шеќер.

Ужина – 1 јаболко, портокал или киви.

Ручек – 300-400 грама печено (на грил) пиле (остранете ја кожата). Чинија салата од краставици и домати (половина главица кромид или млад кромид, по желба).

Пилето може да го прелиете со малку маслиново масло, путер и сок од лимон.

Вечера – Порција пилешки џигерчиња со зелена салата со ротквици и кромид,  пилешка салама, варено јајце.

Доколку почувствувате глад во меѓуоброците земете чинија пилешка бистра супа.

Предложеното дневно мени содржи околу 1.000 калории.

Уште неколку предлози за ручек/вечера при држење на пилешката диета:

-Пилешко со варен зеленчук или зеленчук на грил. (компирот не е дозволен)

– Пилешко со тиквички (потпечени)

-Зелена салата со пилешко месо (Цезар салата)

-Пилешка супа со зеленчук без тестенини

-Барено пилешко со брокула и лукче

-Потпечено пилешко со печурки и зелена пиперка (завиткано во али фолија)

x

Check Also

Три најчести фитнес грешки поради кои се откажуваме од тренинг и слабеење

Овие три грешки прават најголем проблем во постигнувањето на целите – цврсто ...