Пилешки џигер во сос

За пријатен и лесен летен ручек, подгответе пилешки срца во пикантен сос.

 Потребни намирници – 250 грама свежи или замрзнати пилешки срца, 1 главица кромид, 50 грама чадена сланина, 100 грама арпаџик, 1/2 ловоров лист, малку мајчина душичка, 1/8 л црно вино, прелив за печење, 1 сечкан магдонос, 1 лажица сенф, 1 лажица кечап, 2 лажици масло за јадење.

Подготовка

Пилешките срца добро измијте ги и отстранете ги белите жилички. Посолете ги и зачинете ги со црн пипер. Кромидот излупете го и исечкајте го на ситни коцкички. Сланината исечете ја на тенки и долгнавести парчиња и малку пропржете ја на лажица масло за јадење. Додадете ги кромидот и срцата и уште малку пропржете. Додадете го арпаџикот, ловоровиот лист, мајчината душичка и црното вино. Оставете да се вари на тивко 40-на минути.

Преливот за печење разматете го во 1/4 л. вода и кратко време зовријте го. Зачинете со сенф и кечап. На чинијата за сервирање украсете со сечкан магдонос.

Наш предлог е со ова јадење да послужите варен бел ориз.

x

Check Also

Ова е највкусниот десерт од јагоди (и гриз) во чаша!

Се подготвува брзо, а ваков гриз сеуште не сте пробале. Од состојки ...