Пилешки шницли со пармезан на италијански начин

Едноставно за подготовка и превкусно јадење, а воедно и еден од најпопуларните специјалитети на италијанската кујна. Дегустријате го пилешкото месо на посебен начин – Поло ала пармиџана.

Намирници – 100 грама пченично брашно, 2 јајца, 200 грама лебни трошки, 2 лажици сенф, 50 грама пармезан, сол, црн пипер, 650 грама пилешко месо, 8 лажици маслиново масло, 1 лимон. За прелив – сос од домати (во сосот додадете исечкан свеж босилек)

Подготовка

Ставете го брашното во плиток сад или во чинија. Јајцата изматете ги во друга чинија. Во трета чинија помешајте ги лебните трошки, пармезанот и сенфот, додадете и малку сол и црн пипер по вкус. Пилешкото зачинете го со сол и црн пипер. Пилешките шницли една по една протркалајте ги во брашното, потоа во изматените јајца од двете страни, а на крајот во смесата од лебни трошки и пармезан. Загрејте 6 лажици масло на умерена температура во поголема тава, и испржете ги дел од шницлите, а потоа додадете уште 2 лажици масло во истата тава и пржете ги и останатите шницли. Печете додека добијат златно-кафена боја, околу 4 минути од секоја страна.

Готовите шницли поставете ги на чинија и прелијте ги со доматниот сос во кој претходно сте додале исечкан босилек. Сервирајте со кришки лимон.

x

Check Also

Чоколадни мафини полнети со кокос

Преслатки мафини од чоколадо со срце од кокос. За чоколадниот дел – 280 ...