Пилешко капрезе

Нискокалоричен ручек кој плени со вкусот и комбинацијата.

Намирници – 500 грама пилешки гради, 500 грама чери домати, 4 големи кришки моцарела, свеж лук (количина по желба), 1 лажица маслиново масло, 3 лажици сечкани ливчиња босилек, сол и црн пипер.

Подготовка

Од пилешките гради исечете 4 парчиња. Посолете ги, наросете црн пипер и испечете ги во тава на маслиново масло на умерена температура (по околу 6 минути од секоја страна). Извадете го месото од тава, а на истото масло пропржете го лукот и чери-доматите исечкани на половина (околу 5 минути). Додадете го босилекот и по потреба зачинете со сол и црн пипер, па во тавчето вратете го испрженото пилешко месо. На секое парче месо ставете по една кришка моцарела и поклопете ја тавата. Нека се готви уште неколку минути додека сирењето малку омекне. Сервирајте го јадењето топло, а по желба може да наросите на крајот неколку капки балзамичен оцет.

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...