Пилешко полнето со мортадела и моцарела во сос од кашкавал

Брз и неодолив ручек со омилените состојки.

Потребни намирници – 100 грама мортадела (или шунка), 100 грама моцарела (сирење), 600 грама пилешки гради, 1 мала кисела павлака, 2-3 чешниња лук, 100 грама кашкавал, 1 мала ќесичка сенф, сол и црн пипер, по желба и босилек.

 Подготовка

Пилешките гради исечете ги на шницли. Наполнете ги со сечкана мортадела и моцарела и завиткајте ги во ролат, а потоа зачинете ги со сол и црн пипер. Печете ги на жешка тава со малку маслиново масло за готвење. Кога се готови, извадете ги од тавата и на истата тава испечете го ситно исечканото лукче.  Додадете ја павлаката, сенфот и кашкавалот по избор. Може да користите и неколку различни видови на кашкавал кој полесно се топи. Оставете да се растопи па додадете го пилешкото и оставете го да се „крчка“ на тивок оган. На крајот зачинете со босилек, сол и црн пипер.

 

x

Check Also

Пилешко капрезе, плени со вкусот и комбинацијата

Нискокалоричен ручек кој плени со вкусот и комбинацијата. Намирници – 500 грама ...