Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт.
Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата и ставете ги во рерна да се печат. Поедноставно не може да биде. Од зеленчук одберете сезонски како тиква, компир и цвекло, одлично ќе се сложат со лимон и пилешко. Јадењето најпрво може да го печете во фолија, а потоа да го откриете за да стане крцкаво. Додека пилешкото и зеленчукот се печат, измешајте во јогуртот ситно исечкан копар.
Намирници – 1 кромид, 500 грама тиква, 500 грама компир, 3 цвекла, 2 лимона, 6 копани, 100 мл јогурт (густ), 2 лажици копар, магдонос, маслиново масло, сол и црн пипер.