Пинк и тригодишното синче се позитивни на Ковид-19, пејачката ја критикува владата поради недостаток на тестови

Американската пејачка Пинк на Инстаграм објави фотографија со тригодишниот син, пишувајќи дека и двајцата имале симптоми на коронавирус и дека благодарение на нивниот лекар веднаш биле тестирани. При тоа остро ја критикуваше американската влада за недостаток на тестови.

40-годишната пејачка објасни дека таа и нејзиниот син пред две недела покажале симптоми на Ковид – 19, и дека имале среќа што нејзиниот доктор имал пристап до тестовите, кои покажале дека двајцата се позитивни.

Пред неколку дена повторно се тестирале и тестот покажал дека се негативни.

View this post on Instagram

Two weeks ago my three-year old son, Jameson, and I are were showing symptoms of COVID-19. Fortunately, our primary care physician had access to tests and I tested positive. My family was already sheltering at home and we continued to do so for the last two weeks following the instruction of our doctor. Just a few days ago we were re-tested and are now thankfully negative. It is an absolute travesty and failure of our government to not make testing more widely accessible. This illness is serious and real. People need to know that the illness affects the young and old, healthy and unhealthy, rich and poor, and we must make testing free and more widely accessible to protect our children, our families, our friends and our communities. In an effort to support the healthcare professionals who are battling on the frontlines every day, I am donating $500,000 to the Temple University Hospital Emergency Fund in Philadelphia in honor of my mother, Judy Moore, who worked there for 18 years in the Cardiomyopathy and Heart Transplant Center. Additionally, I am donating $500,000 to the City of Los Angeles Mayor’s Emergency COVID-19 Crisis Fund. THANK YOU to all of our healthcare professionals and everyone in the world who are working so hard to protect our loved ones. You are our heroes! These next two weeks are crucial: please stay home. Please. Stay. Home.❤️

A post shared by P!NK (@pink) on

И покрај добрите вести, Пинк ја искористи приликата да ја искритикува владата поради недостаток на тестови.

-Апсолутна фарса и неуспех на нашата влада е тоа што тестирањето не е широко достапно. Оваа болест е сериозна и луѓето мораат да знаат дека од неа можат да заболат и млади и стари, здрави и болни, богати и сиромашни. Мораме да го направиме тестирањето бесплатно и широкодостапно за да си ги заштитиме децата, семејството, пријателите и заедницата, пишува Пинк.

За борбата против коронавирусот, Пинк одлучила да придонесе со донација за медицински цели во износ од милион долари.

x

Check Also

Започнува продажбата на спектакуларниот HUAWEI Mate Xs и на македонскиот пазар

 Од вчера, најиновативниот производ до сега, се продава ексклузивно во продажните салони на ...