Pinko: Нова кампања рок и шик за есен/зима 2019, поглед на новата колекција

Новата кампања на модната марка Pinko за сезоната есен/зима 2019 е во знакот на автентичниот дух – една приказна за женственоста во ритамот на рокот и метрополата.

PINKO есен/зима 2019

За новата колекција позира моделот Медисон Хедрик, под водство на уметничкиот директор Рикардо Руини, стилистката Ванеса Реид и фотографите Мерт и Маркус. Хедрик дебитираше на модната ревија на Прада во 2012 година, а оттогаш има освоено две насловни страни на престижните Вог (британско издание) и Интервју.

PINKO есен/зима 2019

Pinko беше основана на крајот на 80-те години, како идеја на Пјетро Негра, кој е актуелен претстедател на компанијата, и неговата сопруга Кристина Рубини. Политиката на брендот е – одговор на модните очекувања на независната жена, силна и секси, свесна за својата женственост и одлучна да ескпериментира во своите стилови. Колекциите се карактеристични по единствениот стил, еклектичен, оригинален и современ, во кој се препознаваат жените од целиот свет.

Pinko есен/зима 2019

Повеќе познати фотографи и топ модели до сега соработувале со Pinko – од Тери Ричардсон и Стивен Клеин до Наоми Кемпбел и Стела Максвел.

Во фокусот на новата колекција за сезоната есен/зима 2019 се фустаните и сукњите со аплицирани огледало-мозаици, волнените палта, црниот тексас и чантите „Mini love“ со метални додатоци, како и чантите – ѕвезди на сезоната – Round Love со огледало апликации.

PINKO есен/зима 2019

Во продолжение погледнете дел од јакните и чантите со потпис на Pinko за есен/зима 2019.

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...