Пирели календар 2015: полничката убавица Кендис Хафин го поместува погледот на женската убавина

По прославата на педесеттата годишнина на Пирели со историските необјавени фотографии од 1986 година на легендарниот Хелмут Њутн, новиот календар Пирели ја најавува новата ера фокусирана на модните иновации.

kendis 345

Како што беше најавено, прочуената компанија за производство на гуми за календарот Пирели за 2015 година го ангажираше суперталентираниот моден фотограф Стивен Меисел кој е задолжен за 12-те уникатни фотографски дела. Пирели Календарот ќе биде отпечатен во само 17.000 примероци наменети за  ВИП клиентите, познатите политичари и истакнати личности.

Снимањето веќе започна во мај во њујоршкото студио на познатиот фотограф, роден во 1954 година, прославен како еден од најголемите модни портретисти, со над 15-годишна соработка со светските етаблирани модни списанија и дузина насловни страници модната библија Бог, како и по соработката со најпрестижните модни куќи Версаче, Валентино, Долче и Габана, Келвин Клајн, Прада, Луј Витон и Роберто Кавали.

Од она што успеа да „протече“ на Интернет, може да се види дека темата на календарот Пирели овојпат е фетишизмот, а позираат шест избрани модели меѓу кои и Наталија Водјанова, Адриана Лима и Изабела Фонтани.

Вистинско изненадување е полничката убавица Кендис Хафин, една од најпознатите заоблени модели во светот, која со своите 29 години и 90 килограми дефинитивно преку Пирели ќе ги помести границите и погледите на женската убавина.

 

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...