Пита од јаболка во јаболки, прсти да излижеш!

Внесете сладок вкус во студените денови и направете ја гастрономски весела зимата со оваа неверојатно вкусна пита од јаболка „сервирана“ во јаболки.

Од намирници потребни се – 6 јаболки, 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет, половина лажичка скробно брашно, 2 лажици вода, 1 лажичка путер.

за тестото – 180 грама брашно, 100 грама путер/маргарин, 1 лажица шеќер во прав, 2 лажици ладна вода.

за премачкување – 1 јајце, 1 лажица вода и 1 лажичка шеќер.

Подготовка

Замесете тесто. Помешајте го брашното со шеќерот во прав, додадете го ладниот путер исечкан на коцки и со прстите втријте го во брашното. Додадете ладна вода и кратко месете додека сите состојки се соединат.

Потоа, тестото формирајте го во топка, замотајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да отстои 30 минути. Оладеното тесто тенко истегнете го и исечете го на тенки ленти.

Јаболките измијте ги убаво, четири јаболки издлабете, семките исфрлете ги, а остатокот исечкајте го на коцки. Преостанатите 2 јаболки излупете ги, исчистете ги, и исто така, исечкајте ги на коцки. Исечканите јаболки ставете ги во лонец, додадете шеќер, цимет и путер, па мешајќи гответе 5 минути. Додадете го скробот помешан со вода и варете уште некоја минута.

Со добиената смеса наполнете ги издлабените јаболки, а на врвот на секоја ставете „решетка“ од тестото. Потоа, изматете го јајцето со малку вода и намачкајте го тестото, наросете шеќер и ставете ги таквите јаболки во загреана рерна. Печете 30 минути на температура од 180 степени.

x

Check Also

Божиќна трпеза: Брз чоколаден-костен колач

Се подготвува брзо и лесно, а не треба печење. Од намирници потребни ...