Питаја – новата суперхрана за која треба да знаете (и неколку рецепти)

Ако измешате лубеница, репка и јагода заедно, ќе добиете нешто слично на питаја. Но цедениот сок од самото овошје питаја е моментно најбаран на светскиот пазар меѓу љубителите на здравата храна.

pit1

Сокот од питаја е вистинска витаминска бомба, богат е со антиоксиданси, Б и витамин Ц, како и активни ензими кои помагаат за помлад изглед на кожата. Ја зголемува енергијата и имунитетот и помага во варењето на храната поради влакната и пробиотиците кои ги содржи, а со тоа е заслужен и за забрзување на метаболизмот, топење на мастите и витката линија. Оттука не е ни чудо што оваа „нова“ храна брзо се искачи на А-листата на суперхрана.

Питајата е овошје кое е откриено во Централна Америка, а мисионери го донеле во Азија. Азијците почнале да го култивираат, давајќи му го името „змеј овошје” поради моќните состојки со кои изобилува.

Најдобрата питаја, кога ќе ја пресечете, треба да има силна црвена боја (како на зрела лубеница), додека вештачки одгледуваната питаја е енергетски и нутритивно послаба, а се препознава по светло розовата или белата боја на внатреноста на плодот. Оттука е и разликата во цената.

Овошјето може да се конзумира цело или да се додадава во различни шејкови.

Шејк за прочистување на организмот

Може да направите исклучителен прочистувач на организмот доколку помешате (изблендате заедно) сок од 1 питаја, 1 банана, шака боровинки и 1 киви.

Или

Сок од 1 питаја, неколку јаготки, едно излупено киви, шака бадеми и 1 крушка.

pit 555

За суперздрав и енергетски почеток на денот

pit88

Исечканиот плод од питаја може да биде совршен додаток во појадокот подготвен од јогурт (немасен) и овесни снегулки или мусли.

За слабеење

За поттикнување на секоја диета и побрзо слабеење може да дегустирате енергетска питаја која ќе ја подготвите од сок од 1 питаја, 2 лимона, половина лажица ѓумбир, шака спанаќ и сок од 1 јаболко.

pit 5

 

За убивање на гладот и за секоја диета

Одличен за диета е и шејкот кој го убива гладот и лесно може да прескокнете оброци, а да останете во одлична форма и полни со енергија. Овој шејк се подготвува (во блендер) со сок од 1 питаја, половина авокадо, 1 банана, шака боровинки, 100 мл млеко од соја и половина шака мелени бадеми.

pit7

Со порастот на популарноста на суперздравото овошје, денес се прават и здрави колачиња и сладолед од питаја.

 

колач од питаја

колач од питаја

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...