Питер Копинг дебитираше со првата колекција венчаници за Оскар дела Рента

По смртта на Оскар дела Рента минатата есен, за креативен директор на модната куќа беше назначен Питер Копинг. Минатата сабота Копинг дебитираше со првата колекција на венчаници сочувувајќи го софистицираниот дизајн по кој е препознатлив брендот.

vencanici 5

„Мислам дека колекцијата ја отсликува традицијата на брендот што се обидов да ја сочувам. За жал, Оскар немаше многу време да ме советува и за тоа навистина жалам“, објаснува Копинг.

vencanici 4

Колекцијата содржи 23 венчаници со различни должини, од мини до долги, украсени со блескави кристалчиња, кои одговараат за различни свадбени прилики.

vencanici 2

vencanici 3

„ Мислам дека кратките венчаници се добри за свадбена вечера, или за невестите кои сакаат да танцуваат и да се забавуваат“, вели Копинг.

Драматични и голи грбови, венчаници со долги ракави, украсна чипка, венчаници кои ја следат линијата на силуетата, нагласени корсети…, колекцијата Оскар дела Рента за пролет 2016 е софистицирана, женствена и секси.

vencanici 1

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...