Пижамчиња со долги ракави, најубавите модели ги најдовме во WOMEN’SECRET

Удобни за носење, дизајнирани од пријатни материјали, а преслатки – поради нив да не ти се мрднува од кревет (и од дома).

Доколку и вие сте на „наша линија“ и размислувате дека декемвриските празници ќе ги поминете во уживање во домашна атмосфера, зошто да не ја направите таа атмосфера уште помагична. За почеток, тоа што ви е неопходно се пар пижамчиња со зимски мотиви, или пак со ликови од цртаните филмови, со омилените еднорози, со срциња…и што ли уште не.

Се разбира, во колекцијата есен/зима 2018 на WOMEN’SECRET ќе најдете и елегантни модели со долги ракави, а нам особено ни привлекоа внимание пижамите во зелена нијанса, кои се истовремено и суперсекси и пижамите во кинески стил.

 

А кога сме кај слатките модели, разгледајте ја фотогалеријата и почнете да сонувате празнично.

Достапни се и во онлајн продажба, на официјалната шопинг страница на Фешн Груп – ТУКА. 

 

x

Check Also

Кендал Џенер е ѕвезда во кампањата Giambattista Valli x H&M

Лансирана е кампањата Giambattista Valli x H&M, а долго очекуваната колекција ќе ...