Plan Toys – нови безбедни, еколошки и образовни дрвени играчки во „Крш“

Во продавниците „Крш“ пристигна колекцијата на Plan Toys, наменета за развој и игра на секое дете од неговото раѓање па се до возраст 4+. 

Станува збор за безбедни, еколошки и образовни дрвени играчки за деца произведени од светскиот лидер спрецијализиран за ваков тип на играчки – Plan Toys, прочуен по иновативен дизајн, високи стандарди за квалитет и безбедност на играчките.  

Ви претставуваме дел на играчките од новата колеција.

Трицикл за најмалите возачи на велосипед пред да преминат на велосипед со педали. Овој трицикл е многу забавен за возење, а го учи детенцето да одржува рамнотежа. За 2+ годишна возраст.

pt 1

Чашка и топка за возраст 3+. Децата уживаат да ја ловат топката. Оваа класична играчка е совршена за развивање на раце-очи координација и моторните вештини.

pt2

 

Секое дете на возраст 12+ ќе ужива да ја турка оваа преслатка Дино бејби количка. Дизајнирана е за лесно да се управува со малите бебешки рачиња.

pt3

Првиот детски пожарникар изгледа вака. Во оваа серија на играчки има и хеликоптер, противпожарна и автомобил за спасување. 12+

pt4

Со оваа активна играчка со шарени прстенчиња одлично се развива моториката и погодувањето на целта. 3+

pt6

Сет мини-голф. 3+

 

pt7

Куглање со мајмунчиња. 3+

pt8

Поломино -најобожуваното детско пони на кое детето нежно се лула нанапред и наназад. 2+

pt9

Дечињата на возраст 12+ месеци ќе најдат најдобар пријател во ова слатко пони кое се движи кога го туркаат со нозете. Одлична играчка и за постабилно и побрзо проодување.

pt10

 

И уште многу, многу, забавни и едукативни играчки од новата колекција на Plan Toys ве чекаат во најблиската продавница „Крш“.

Крш тц Рамстор, Крш ГТЦ сутерен, Крш тц Зебра, Крш Скопје сити мол, Крш Капитол мол, Крш Сума Куманово и Крш Ситицентар Гостивар. 

x

Check Also

Тренд на неделата: Жолти чизми од специјалната колекција на Timberland

За тренд на неделата дефинитивно се одлучивме за жолтите чизми дизајнирани од ...