Плантарни влошки – идеални за движење на високи потпетици без непријатност и болка

Како да носите чевли со високи потпетици, а при тоа да ја избегнете непријатноста и болката во нозете? Дали поминувате поголем дел од денот, на работното место, стоејќи? Имате ли проблем со плантарниот дел на стапалото? Ние го имаме решението.

Се вели дека жената за убавина и елеганција треба малку да ги стегне забите и да истрпи. Тоа е изрека со која не би се согласиле сите, на која веројатно и сами сте се сетиле секогаш кога во вашите омилени чевли со високи потпетици сте се чувствувале неудобно или сте претрпеле болка. Но, не мора секогаш да биде така.

Во аптеките Бета Фармација најдовме совршени плантарни влошки кои се наменети за заштита и ублажување на болката на плантарниот дел на стапалото, а и ќе ви го олеснат газењето. Со текот на годините, заради возраста или евентуално набиено место, се појавува задебелена кожа која предизвикува интензивна болка, како и можно формирање на калуси. За таквите нерпијатности да ги избгнете, решението е во употреба на плантарна влошка.

Влошките се силиконски, а по своите карактеристики и состав, силиконскиот дел EPITHELIUM 26 е сличен со составот на природните ткива на човекот. Присуството на тенок слој на EPITHELIUM 26, поставен на болното место, овозможува да се ублажи болката ефикасно, без да се создава дополнителен притисок. Плантарната влошка овозможува и да се ублажи недостатокот на плантарно ткиво кое предизвикува болка. Дополнително, влошките се неверојатно ефикасни и во прераспределба на телесната тежина по целата должина на ногата, со што се ублажува притисокот.

Се перат во машина на 40 степени во торбичка за перење која е приложена во пакувањето, или пак, се перат на рака без триење.

За дополнителни информации и нарачки јавете се во аптеките Бета фармација на 02/ 32 27 220 или 32 56 799 или на Фејсбук страницата – ТУКА.

x

Check Also

7 лаги и вистини за лекување на грип и настинки

Со настинките и грипот се бориме од година в година, а лекувањето ...