„Плати со поезија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лофт, Мајдан, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џус бар, Сквер21 во Скопје и Чао кафе во Велес се подготвени оваа година да ја поттикнат инспирацијата на секој посетител на 21-ви март, Денот на поезијата, преку традиционалната кампања „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл.

Од 2015-та година, секоја година, 21-ви март е резервиран за тие кои уживаат во кафето и лицата кои трагаат по скриената поетика во себе. Веќе 4 години по ред овој настан се организира во Македонија и има за цел да го долови духот на бројни уметници преку поттикот и инспирацијата за создавање на стихови кои вродуваат со уникатна поезија.

Голем број на локации се вклучија во поддршка на „Плати со поезија“ низ годините и уште толку поети го негуваат духот на овој ден преку дружење со обожавателите на кафе и љубителите на поезијата.

Погледнете ја фотогалеријата и инспирирајте се да платите со поезија.

x

Check Also

Михал Весолек од Полска е двоен добитник на наградите на натпреварот HUAWEI NEXT-IMAGE

Михал Весолек, талентираниот аматер од Полска, беше прогласен за добитник на Grand ...