Кога платинасто-русата нијанса е во прашање, потребно е мало познавање на боите за бојадисување на коса, доколку оваа трансформација ја правите сами дома.
Целта е да се добие многу светла руса коса, а при тоа да ги елиминирате сите можности за крајниот ефект да не биде сепак жолтеникава нијанса.
Следете ги овие чекори и нема да згрешите.
Чекор 1
Земете предвид дека боите за коса имаат своја нијанса која ја означува „длабочината“ на бојата, додека тонот го означува отсјајот што бојата го содржи. Нијансата е обележана со првата бројка, додека отсјајот е обележан после точката или косата цртичка. На пример, бојата има знак 9.1 – бројот девет означува светлоруса нијанса, а бројот 1 пепеласт отсјај.
Пред да почнете да ја бојадисувате косата, запомнете ги бројките од чекорот 2 бидејќи од нив зависи резултатот на боењето. Можеби платинесто-русата коса ви изгледа одлично на сликата на бојата за коса, но таа боја многу веројатно на вашата глава ќе биде пиле-жолта.
Чекор 2
Нијансите на руса коса се: 6 – темно руса, 7 – средно руса, 8 – светло руса, 9, 10, 11 или 12 се најсветлите нијанса на руса.
Чекор 3
Бројките за отсјајот на бојата за коса се: 0- природен, 1 – пепеласт, 2- виолет, 3 – златен, 4 – бакарен, 5 – црвенкасто жолт, 6- махагони, 7- тутун, 8 – бисерен, 9 – беж.
Од отсјајот на бојата за коса зависи дали бојата ќе излезе на крајот со жолт отсјај, сив или бисерен.
За да добиете платинеста коса барајте нијанси 9, 10, 11 или 12 и отсјај со број 8.
Ако ова ви звучи комплицирано, побарајте Колестон 12/81 која е најпродаваната платинесто руса боја во светот и според зборовите на фризерите и најдобра.
Ако пак сте веќе светло русокоси, побарајте Ревлон 4 и ќе ја добиете посакуваната платинеста нијанса.
Земете предвид дека убава платинеста руса боја се добива само ако косата ви е природно посветла и при тоа нема црвенкаст пигмент. Правилото важи – што помала е разликата меѓу природната и посакуваната нијанса тоа полесно ќе ја добиете бојата без непосакуваните тонови.