Плескавици од тиквички: Брзо и превкусно!

Превкусен рецепт кој не бара вештина во кујната, а обезбедува здрав нискокалоричен оброк.

За да ги подготвите пескавиците од тиквички потребни ви се следниве намирници – две тиквици, 1 јајце, 1 кромид, ½ чаша брашно, сол, 50 грама сирење, црн пипер, вегета.

Подготовка

Две тиквици ги лупиме и ги рендаме. Ги цедиме од водата и ги ставаме во подлабок сад. Во садот се додава едно јајце, ситно исечканиот кромид, згмеченото сирење, брашното, сол, црн пипер,  вегета  и сечкан магдонос.

Кога ќе се добие хомогена смеса, се прават топчиња од кои правиме плескавици. Плескавиците се пржат во загреано масло. На крајот, се ставаат на салфетка за да се исцедат.

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...