Плишаната ајкула од Икеа е главен хит на Инстаграм

Една плишана играчка од Икеа, дизајнирана за најмалите со функција да биде и играчка и перница, неочекувано стана огромен хит на Инстаграм и тоа благодарение на возрасните.

Станува збор за плишана ајкула наречена BLÅHAJ, која сопствениците ја сликаат во најразлични секојдневни ситуации, својствени за луѓе, и потоа смешните фотографии ги постираат на социјалните мрежи.

Така, BLÅHAJ „готви“, помага во домашните работи, „чисти“, седи на терпезариската маса и ги убедува децата да јадат…, а облечен е и во машка и во женска гардероба.

Инаку, BLÅHAJ е достапен во продажба во продавниците Икеа и на официјалната шопинг страница на популарниот бренд за мебел и домашно уредување, по цена од околу 15-на евра.

 

x

Check Also

Новиот Huawei P30 lite е врвен спој на нови трендови и убава естетика

Мода е збор кој најчесто е изговорен од страна на млади луѓе. ...