По 4-ти пат мајка: Ким Кардашијан го покажа бебенцето

„Реалити“ ѕвездата Ким Кардашијан пред еден месец по четврти пат стана мајка, но до сега не претстави никакви детаљи за бебенцето. Завчера, на својот Инстаграм профил за првпат објави фотографија од бебенцето со необично име, Псалм.

Псалм е роден од сурогат мајка.  ‘Psalm Ye’, Кардашијан напиша на Инстаграм до постираната фотографија на која се гледа како бебенцето слатко спие облечено во бело боди. Ye е надимакот на бебето.

Инаку, Псалм е второ дете родено од сурогат мајка, со оглед на тоа дека на Ким и се појавиле компликации со постелката после раѓањето на синот Сент.

-Кој мисли дека е полесно да минува низ бременоста  и раѓањето со сурогат мајка, потполно греши. Мене тоа ми беше многу потешко, зашто немав се под своја контрола, неодамна објасни Кардашијан.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...