По EXIT журката во Бразил, на тврдината доаѓаат D-edge, а со нив и Blawan, Giorgia Angiuli и Renato Ratier!

No Sleep домашните резиденти во централниот слот на вечерта!

Колосалната Денс Арена неодамна го комплетираше своето досега најмоќно издание составено од најголемите светски ѕвезди на денешницата, а меѓународно фалената бина на Егзит фестивалот, Ноу Слип Нови Сад (No Sleep Novi Sad) своите нови засилувања ги носи директно од Јужна Америка! Откако Егзит на 30-ти март ја одржа својата прва Ноу Слип Бразил журка во Сао Паоло, и тоа во најистакнатиот јужноамерикански клоуб „Ди еџ“ (D-edge), време е Бразилците да ја возвратат посетата и да ја освојат Петроварадинската тврдина на една ноќ, во петок на 5-ти јули. Овој глобално познат бразилски клуб кој од 2003 година секој месеци има повеќе од 20.000 посетители, покрај футуристичкиот дизајн е карактеристичен и по големата музичка понуда, па за Нови Сад е избрана екипа која почнува од хаус, преминува на прогресив, потоа на тек-хаус и ејсид, за на крај да премине во „чистокрвно“ техно!

Специјално за оваа пригода, во петок на 5-ти јули #NSNS2019 доаѓа фуриозниот британски техно маг Блаван (Blawan), исклучителната италијанска музичарка Џорџа Анџули (Giorgia Angiuli), како и нејзините сограѓани и моментално еден од најбараните електронски тандеми, 999999999 (Најн тајмс најн/Ninetimesninе)! Тука се и резидентите на клубот, јужноамериканската хероина Бланка (BLANCAh) и српско-бразилското дуо Дук ин Алтум (Duc in Altum), а во походот на Петроварадинската тврдина ги предводи основачот на D-edge Ренато Ратие (Renato Ratier). Оваа ноќ еден од централните слотови ќе го заземат домашните изведувачи и Ноу Слип резиденти со својот премиерен, заеднички „live“ сет Лаг (Lag) и Моносахарид (Monosaccharide)!

Една од ѕвездите на вечерта несомнено ќе биде и Џејми Робертс, познат како Blawan, кој од минатата деценија со својот талент и умешност стана маестро на сопствениот техно универзум. Неговиот минатогодишен деби соло албум „Wet Will Always Dry“ е прогласен за најдобар британски електронски албум од страна на реномираниот „Диџеј Маг“, а со грстот други псевдоними, како и со сопствената издавачка куќа ТЕРНЕСК, преку која ѝ испорача на желната публика аналогни продукции и лајв сетови, Блаван ја зацементира својата позиција на свежо лице на жестокиот индустријален техно звук. Досега невиден лајв настап на Ноу Слип Нови Сад бината ќе приреди и Џорџа Анџули, позната по својот еклектичен пристап кон музиката. Со образование во класичната музика и позадина како мултиинструменталист, Анџули е светски позната поради умешноста на комбинирање на клавијатури и други инструменти, својот глас и, најинтересно од сè, секакви детски играчки. Крајниот производ е вибрантен и енергичен звук кој освојува! Минатата година успешно ја заокружи со издавање на своето ЕП „No Body No Pain“, но и со деби албумот „In a Pink Bubble“ за издавачката куќа Стил Вор Талент. Уште еден впечатлив лајв техно настап доаѓа во апстракното пакување на 999999999, дуо кое за кратко време стана едно од најбараните на европската и светската сцена благодарение на својот сиров, интензивен и импровизиран звук. Тоа го потврдува и фактот што првите три изданија на нивната истоимена етикета, како и гостувањето на специјалното „Planet Rhytm“ винил издание под името „303“, се распродадоа за само неколку часа!

„Мозокот“ зад мегауспешниот клуб „Ди еџ“ несомнено е неговиот сопственик, Ренато Ратие, кој себе се изгради и како клучно име на светската диџеј сцена. Мултитаскерот Ратие своите диџеј вештини ги доажува со мешавина на влијанија како што се Чикаго хаус, електро рок, техно, диско и минимал, а во неговата импресивна биографија се издвојува и тоа што е еден од сопствениците и резидентите на бразилскиот „Варунг Бич“ (Warung Beach) клуб, кој многумина го опишуваат како рајски и кој се најде на листата на „Миксмаг“ за најдобри светски клубови! Друштво во петок на 5-ти јули ќе му прави и Бланка, една од резидентките на „Ди еџ“, која во својата речиси дваесетгодишна кариера остави белег со помош на мелодичните композиции со иновативни и мрачни делови, а минатата година ја одбележи и со оригиналниот микс „Apneia“ издаден за издавачката куќа „Тајмлес Момент“. Силата на домашната сцена и умешноста во лајв форматот ќе ја покаже новосадскиот диџеј и продуцент со веќе богата интернационална кариера, Лаг, со белградскиот тандем Моносахарид, кој не престанува да го крева нивото на својот заводлив техно звук, кој инкорпорира влијанија од најразлични музички жанрови. Импресивната екипа на вториот ден на Егзит фестивалот ќе ја заокружат резидентите на „Ди еџ“, дуото Дук ин Алтум, сочинето од брачниот пар Ерик Фриѕо Џонсон и Арјана Врховац Џонсон, која е родена и пораснала во Србија!

Улови ја својата Егзит влезница оваа недела и заштеди дури 45%!

Моментално е во продажба ограничениот контингент на Егзит карти по цена од 3850 денари, што претставува висока заштеда од 45% во однос на финалната цена! Цената на влезниците за првиот фестивалски ден, кога настапуваат Д Кјур, изнесува 1800 денари за партер и 3580 денари за ФАН ПИТ, додека цената на ГОЛД ВИП дневните влезници за 4-ти јули е 6515 денари. Влезниците за EXIT можат да се набават преку официјалната страница exitfest.org, како и на https://mktickets.mk/en/event-en/exit2019/.

x

Check Also

Кирил Џајковски повторно соработува со Милчо Манчевски

Ред Сафари, нов сингл на Кирил Џајковски, дел од саундракот за филмот ...