По Меган Маркл, Викторија Бекам го форсира „крава“ принтот, модели со „крава“ принт има MANGO

„Леопард“ принтот до неодамна царуваше на модната сцена, но сега полека го истиснува популарниот „крава“ принт. Форсирањето на овој нов и интересен принт го направија две влијателни Британки -војвотката од Сасекс и дизајнерката Викторија Бекам.

Меган Маркл со трендовски чевли со „крава“ принт

Минатата недела, на еден хуманитарен настан, Меган Маркл се појави во едноставен црн фустан од модната марка Hatch во комбинација со многу впечатливи чевли со „крава“ принт.

Пријателката на Маркл, модната дизајнерка Викторија Бекам го вклучи „крава“ принтот во својата најнова колекција. На својот Инстаграм профил, таа нагласи дека станува збор за нејзин омилен принт за претстојната сезона.

Модел од новата колекција на Викторија Бекам

За среќа, популарниот „крава“ принт може да го најдеме и на многу подостапни модни парчиња во новата колекција на Манго. Така, може да одбирате меѓу кожена сукња, кошула и трендовска чантичка која се носи околу струкот со „крава“ принт, или пак да се дотерате во хит-принтот од глава до петици.

Манго

x

Check Also

Поглед на сандалите од Pull&Bear за пролет/лето 2019

Полека модно се подготвуваме за пролетта, а во брендираните продавници веќе пристигнуваат ...