По откажувањето на Џиџи Хадид, нови проблеми за шоуто на Викторија сикрет

Веројатно, организаторите на најоглемото шоу на годината, ревијата на Викторија сикрет, веќе жалат што го закажаа големиот настан да се одржи во Шангај. По проблемот со визите кои не ги добија неколку руски манекенки, како и една манекенка од Еквадор, по откажувањето на учеството на шоуто и на Џиџи Хадид, пред неа и на Кендал Џенер, ПР тимот и организаторите на шоуто продолжуваат да се соочуваат со нови проблеми.

ПР службите на Викторија сикрет се пожалиле дека не можат ниедно соопштение во јавност да објават ако тоа претходно не е исконтролирано или барем прочитано од кинеската влада. Дополнително, не добиле дозвола за снимање на просторот кадешто ќе се одржува ревијата, а со тоа и не можат да направат соодветен маркетинг. Всушност, организаторите на шоуто секојдневно се соочуваат со дузина проблеми, а секоја грешка чини „брдо“ долари.

Иако една од ѕвездите на шоуто, Џиџи Хадид, не објасни зошто нема да учествува на големата ревија во Шангај, според информациите од некои странски медиуми, сепак откажувањето се должело поради визата која не ја добила поради спорната фотографија, односно мини видео, постирано на Инстаграм на кое наводно, таа се потсмевала на кинескиот народ. Проблеми со визата имала и топ моделот Адријана Лима, но сепак се решиле.

Без виза останале и неколку влијателни блогерки и модни уреднички, кои нема да пристигнат во Шангај за да го коментираат шоуто.

Кети Пери во спорниот фустан со сончогледи

Во меѓувреме, тимот на Викторија сикрет остана и без главната пејачка која бомбастично беше најавена дека ќе настапи со перформанс на шоуто. Станува збор за Кети Пери на која истотака и е забранет влез во Кина поради концертот на кој се појавила во фустан со сончогледи. Имено, сончогледите се заштитен знак на антикинеското движење кое се бунело против владата токму во времето кога Пери настапувала во Кина.

Инаку, самиот проект на Викторија сикрет – ревијата, „тежи“ милиони долари, а со заработка од преносот на телевизија очекувана е заработка од 10-на милиони долари.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...