По овие лакирани чизми спобудалеа девојките

Кратки, лакирани и со висока тенка потпетица – лакираните чизмички ги освоија европските метрополи, а веќе се хит и на Инстаграм.

Моделот е достапен во повеќе нијанси – зелена, виолетова и црна, а инаку се дел од есенската колекција на луксузната модна марка Миу Миу. Можат да се купат само на официјалната шопинг страница на Миу Миу и добро, цената им е „соленка“.

Алекса Чанг ги носи со мини сукња и пуловер, Џилда Амброзио ги комбинираше со бели волнени чорапчиња, а можат да се носат и со фустани, со фармерки, со кожени панталони и сукњи…

Во фотогалеријата, погледнете како лесно и слатко се комбинираат.

 

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...