По Роналдо, и неговата девојка Џорџина основа модна марка

Повеќето фудбалери немаат баш некои посебен сенс за модата, ама имаат девојки кои се модели. Сепак, Кристијано Роналдо покажа одлична смисла за моден бизнис, особено со неговиот моден бутик CR7. CR7 започна во 2006 година и му дозволи на фудбалерот да ко-дизајнира своја брендирана долна облека, чорапи, врвни кошули, па дури и свој мирис.

Но тука не завршува модната приказна на Роналдо. Неговата девојка , Џорџина Родригез е заинтересирана да основа свој моден бренд OM by G. Оваа најава пристигна на крајот на јануари кога Родригез им рече на своите 23 милиони следбеници на Инстаграм дека ќе влезе во моден бизнис.

Родригез е шпанско-аргентински модел и партнерка на Роналдо во последните четири години. 27-годишната девојка допрва треба да открие какви производи ќе произведува OM by G.  Единствените индиции што беа дадени беа неколкуте фотографии постирани на Инстаграм на кои се гледа како Родригез носи тренерка во нијанса на кожа.

Родригез веќе има искуство во модниот свет бидејќи претходно работела во продавница на Гучи во Мадрид. Всушност, токму во оваа продавница и првпат се сретнала со фудбалскиот ас. Во тоа време, Роналдо играше за Реал Мадрид. Но, тој го зачуди спортскиот свет кога го напушти шпанскиот фудбалски тим и се приклучи на италијанскиот тим Јувентус летото 2018. Не само што овој трансфер имаше големо влијание во фудбалот, туку имаше и значителна придобивка за неговиот бренд за облека – поточно CR7 доживеа огромен пораст во продажбата по преселбата на Роналдо во Италија.

Инаку, фудбалската sвезда е втор најдобро платен спортист во светот со годишен приход од над 80 милиони фунти. Фактот дека Роналдо има над 450 милиони следбеници на социјалните мрежи, исто така, значително ја зголеми популарноста на неговиот бренд. На 36-годишна возраст, многумина очекуваат дека Роналдо наскоро да ќе ги остави копачките, но тој порече дека ќе продолжи да игра и во 40-тите години од животот. Ова е неизвесно…, но извесно е дека фокусот на Роналдо е веќе насочен кон неговата модна етикета и веројатно во иднина – и кон етикетата на неговата партнерка Џорџина.

x

Check Also

Кој е Сем Асгари, љубовта на Бритни Спирс?

Сем Асгари е момче на Бритни Спирс од 2016 година. Во најголем ...