Колоните на граница не се проблем: по тен или на шопинг во Грција до последна паричка!

Трендот да се искористат националните празници за уште малку сончање или шопинг кај јужниот сосед продолжува.

Километарските колони очигледно не се пречка за многу Македонци кои денот на независноста ќе го одбележат со добро потење на граничните премини со Грција, по кое ќе следуваат тури капење и шопинг.

Познатото алиби „бевме поради децата…“ кое обично се употребува при враќањето дома веројатно ќе го слушаме до 13 ноември кога, децата нели, одеднаш повторно ќе почувствуваат огромна потреба да се „издуваат“.

А и не оди да ја загубиме репутацијата на најдобри туристи која лани ни ја додели Грчката туристичка федерација преку соопштението дека „од почетокот на 2012 година граѓаните од ФИРОМ вкупно во Грција потрошиле 550.000.000 евра и со тоа се најдобри туристи за оваа година!“.

До почетокот на септември годинава грубата проценка вели дека Македонците оставиле во Грција околу 60 милиони евра. Ни преостануваат само уште четири месеци до крајот на годината за убедливо да го урнеме сопствениот рекорд и најдостоинствено да си го сочуваме тронот.

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...